Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1019 тестирања.
Во последното деноноќие се регистрирани нови 125 случаи на Ковид-19, а починале 7 лица.
– Скопје 89
– Куманово 4
– Штип 2
– Прилеп 2
– Тетово 11
– Струга 3
– Велес 1
– Охрид 8
– Гостивар 1
– Струмица 2
– Кичево 1
– Ресен 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46) која починала при прием во амбулантата.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти.
– Скопје 1
– Прилеп 1
– Велес 4
Досега во земјата се направени вкупно 39.033 тестирања на Ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.364, бројката на оздравени пациенти е 1.664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.536.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











