Вучиќ: ЕУ му рече на мојот пријател Заев да не набавува сам вакцини и го излажаа

175

Во интервјуто кое го даде за босанската телевизија, Фејс ту фејс, српскиот претседател, Александар Вучиќ објасни како ги набвави вакцините против ковид-19.

Јас бев во Брисел, вели тој, и тие ми кажаа дека ковакс програмата е во подготовка и ќе биде реализирана. Јас ги прашав кога ќе се реализира? Тие ми кажуваат, знаете тоа ќе биде, Европската Унија е најмоќна сила во светот. Јас им велам се тоа го знам, но кога ќе биде тоа?

Јас сум сепак многу искусен и доволно стар, вели Вучиќ, и сум поминал низ многу работи, поминав низ силни притисоци додека ја договаравме Бриселската спогодба. И човек ја научува таа школа. И кога пет пати ќе ги прашам и нема да добијам конкретен одговор, туку ќе добијам одговор прво ние ќе се снабдеме, а потоа веднаш ќе бидете вие, јас тогаш го прашувам-кога е тоа веднаш после вас. И кога на тоа нема да добијам одговор јас знам дека ние самите треба да се подготвиеме да се снабдиме со вакцини.

Јас знам дека мојот пријател, Зоран Заев целосно се потпираше на Европската Унија бидејќи така му беше речено. Ние не се потпиравме на ЕУ, вели Вучиќ. Ние тргнавме во набавка на вакцини веднаш по тој состанок. И им реков на моите од владата, набавувајте билатерално со Американците и веднаш потпишувајте договор со Фајзер.

Му се јавив на британскиот премиер, Борис Џонсон и разговарав со него. Разговарав со многу луѓе во Велика Британија да ни овозможат да ја набавиме вакцината астра-занека. Разговарав со Путин, разговарав со Си Џинпинг. Осам писма разменивме со Си Џинпинг за да ја реализираме набавката на вакцините, објаснува Вучиќ.

Сега викаат дека не чинела таа вакцина, иако јас мислам дека е таа одлична вакцина, оксфордската вакцина. Јас им реков кажете која вакцина ја сакате ќе ја добиете и ќе ја набавиме. Вакцината е важна да ги спаси животите на луѓето и многу сум среќен дека пет, десет, 50 или сто животи дса бидат спасени со тие вакцини, заклучува српскиот претседател, Александар Вучиќ.