Забавите на скопјани од кафулињата и дискотеките префрлени во вили во Соње, Сопиште, Илинден…

663

Забавите на скопјани викендов се префрија во луксузни били и викендици во скопските населби Соње, Сопиште, Илинден, но и во Раштак и Радишани. Според информации на 24 инфо се изнајмуваат викендици како за прослави за родендени за 250 до 500 евра за вечер и се собираат по триесетина луѓе. Ако доплатите може да добиете и пица мајстор или готвач кој за одредена цена ќе ви спрема јадење.

Се јавивме на огласите кои се вртат по интернет огласите кои нудат станови и викендици за прослави. Дел од нив ни рекоа дека се зафатени следните дваесетина дена, а за некои нема место до јуни за викендите. Немало откажување на претходните резервации.

Од Пазарна инспекција велат декана приватен имот може да реагира само Министерството за внатрешни работи.

-Препораките мора да се почитуваат. Македонците се чуден народ. Прво се собираа на Водно, но откако се забрани пристапот се собираа во Градскиот парк. После тоа почна да ги користат кафилињата на бензиските пумпи. Сега и тие се затворени па бараат нова алтернатива. Наши инспектори постојано се на терен, некои работат и по 18 часа и ќе бидат санкционирани сите кои не ги почитуваат мерките за корона вирус – вели за 24 инфо Стојко Пауновски, директор на Пазарната инспекција.