Секоја година иста приказна – Македонци на шопинг во Солун, стартуваат големите попусти

173

Традицијата за шопиг во Солун во јануари и февруари продолжува и годинава. Попустите стартуваaт на 14 јануари и ќе траат до 28 февруари годинава, Македонските граѓани викендите и слободните денови практикуваат да ги користат за шопинг во Грција.

Праксата од претходните години вели дека без размислување заминуваат кај нашиот јужен сосед за да го искористат огромниот попуст на стоката за широка потрошувачка што се движи од 50 до 70 проценти, но и повеќе.

И од Туристичките агенции што ги организираат шопинг турите потврдуваат дека уште сега имаат резервации.

Најпопуларни места за нашите шопинг туристи се и големите центри како Космос, Икеа, Метро, Лидл… Најмногу се пазарува во продавниците на “Зара”, “Манго”, “Спринкфилд”, “Котон”…

Како што велат тие на распродажбите речиси никој не може да им одолее, особено за слаткиот одмор со шоља кафе крај морскиот брег. Оние што веќе беа на пазарувањето во Солун велат дека може да се купат брендирани фармерки од 10 до 15 евра, блузи по 5 евра, фустани за 10 евра… Масовни се попустите и за домаќински работи кои се нудат по цена од 1 до 5 евра.Граѓаните кои се опседнати со шопинг манија генерално се задоволни од ниските цени и велат дека ги чекаат со нетрпение распродажбите и најчесто трошат повеќе од планираното, пред се заради тоа што зимската гардероба е поскапа од летната.

Но, македонските трговци се незадоволни што се патува во соседството и се прашуваат зашто и покрај истиот попустот од околу 70%, сепак продавници не се доволно посетени,а купувачите одат во Солун.

Тие не сакаат да ја мешаат политиката со бизнисот но сепак не можа да разберам како нашите граѓани повеќе да сакаат шопинг во Солун, отколку шопинг во Скопје. Тие им препорачуваат да практикуваат денарот што го заработиле во нашата земја да го остават дома,а не во странство. Токму затоа дел од домашните трговци за февруари најавуваат тотални распородажби, популарно наречени гаражни попусти.

loading...