За што служат морничавите маски кои Азијките ги носат на главата?

218

Фотографиите од жени кои ја прекриваат целата глава со маска, освен очите, устата и носот го изненадија светот.

Кога станува збор за „опремата“ за на плажа, таа вообичаено се состои од костим за капење, очила за сонце и евентуално шешир. Или барем досега беше така, доколку овој нов тренд не завладее со светот.

Фотографиите од жени кои ја прекриваат целата глава со маска, освен очите, устата и носот го изненадија светот. Изгледа многу необично, а станува збор за тренд кој доаѓа од Азија.

И додека девојките во западните култури носат минијатурни бикини и се сончаат на плажите топлес или целосно голи, во Кина жените сериозно ги слушаат советите на експертите кои велат да не се изложуваме на сонце во текот на критичните делови од денот.

Ваквите маски се нарекуваат „фејскини“, а жените ги носат за да го заштитат лицето од сонце.

Маската „Фејскини“ е направена уште во 2004 година, а истата е дело на жена по име Жанг Шифан. Откако ја направила оваа необична маска, Шифан се прославила и ја напуштила работата како сметководител, а „Фејскинито“ станало тренд во Кина.

Жанг тврди дека маските за глава се одлични бидејќи освен што ја штитат кожата од сончевите зраци, овозможуваат и заштита од инсекти, песок и медузи.

„Фејскини“ се изработува од истите материјали од кои се изработуваат и костимите за капење, а можат да се најдат во продажба во различни бои и дезени, по цена од 2 до 4 долари за поедноставните модели и помеѓу 16 и 24 долари за модели со впечатливи дезени.