Мишел Флорној би можела да биде првата жена на чело на Пентагон, а таа веќе се истакна со воинствени изјави против Кина.
Според извештаите во медиумите, таа изјавила дека американската морнарица може да ја уништи целата расположива кинеска флота во Јужното кинеско море во рок од 72 часа.
Ако американската армија е способна да ја потопи целата кинеска флота, подморници, како и трговски бродови, во Јужното кинеско море во рок од 72 часа, кинеските лидери ќе треба да размислат двапати пред, да речеме, да започнат инвазија на Тајван. Тие ќе треба да се запрашаат дали вреди да се стави целата нивна флота во опасност, напиша во јуни Флорној во својот авторски текст во списанието Форин аферс.
Мишел Флорној веќе и е добро позната на американската војска. До пред четири години беше заменик-министер за одбрана за политички прашања во администрацијата на Барак Обама. Многу воени аналитичари ја сметаат за еден од главните кандидати за прв човек на Пентагон.
Кинеските медиуми јавуваат дека „нејзините закани за дејствување во Јужното кинеско море се неизводливи“.
Во споменатиот напис, Флорној исто така ја нагласува потребата од иновации, особено во доменот на вештачката интелигенција кога станува збор за сајбер и противвоздушната одбрана.
Соединетите држави мора да спречат каков било кинески обид за агресија, така што кинеските лидери треба да разберат дека ваквите потези не се во нивен интерес, рече таа.