Вулканско цунами уби најмалку 222 лица, а 843 се повредени во Индонезија – се заканува уште еден ваков бран

687

Најмалку 222 лица загинаа, а 843 се повредени откако цунами го погоди крајбрежјето на Сундонскиот теснец во Индонезија, објавуваат властите. CNN јавува дека после цунамито било издадено предупредување дека би можело да дојде до уште еден ваков бран па на граѓаните им се советува да се оддалечат од крајбрежјето.

Од агенцијата за управување со итни ситуации велат дека оштетени се неколку стотини згради. Се нагодува дека можната причина за цунамито е лизгањето на морското дно после ерупцијата на вулканот Краката, пренесуваат светските медиуми.

Сундонск поминува помеѓу Јава и Суматра и го поврзува Јаванското море со Индискиот океан. Во агенцијата истакнуваат дека бројот на жртви расте.

Сопственикот на резортот Танјунг Лесунг вели за BBC дека досега од рушевините биле извлечени најмалку 90 лица.

“Секоја минута пронаѓаме нови тела”, вели тој.

Додаде дека во хотелот во моментот кога удри цунамито имало најмалку 500 лица, од кои повеќето се сметаат за исчезнати.

Немаше никакво предупредување

Во пресрет на цунамито немаше никакво предупредување од службите. Припадниците на Црвениот крст излегле на лице место и трагаат по жртви под рушевините на оштетените згради и куќи.

Експертите анализираат дали цунамито било предизвикано од вулканот Краката, односно вулканскиот остров во преминот Сундонск.

Од индонезиската геолошка агенција известуваат дека вулканот во петокот еруптираше и траеше 2 минути и 12 секунди, создавајќи чад висок 400 метри.