Вухан одблокиран после 76 денови! На луѓето конечно им е дозволено да го напуштат градот, еве како изгледало тоа!

595

Кинеските власти го одблокирале излезот од Вухан кој беше жариште на епидемијата на коронавирусот и 76 денови беше отсечен од надворешниот свет.

Вечерва властите ги отвораат патиштаат кои водат од градот и им дозволиле на луѓето да го напуштат градот со автомобили.

Вухан од 23-ти јануари практично беше изолиран од надворешниот свет поради епидемијата. Сообраќајот во градот бил целосно стопиран, вклучително и метроата, автобусите и траектите. На автобускиот и водениот сообраќај не им било дозволено влегување во градот, не работеле аеродромите, било забрането напуштање на градот без посебна дозвола.

Од 28-ми март, во Вухан повторно работи железничкиот сообраќај за влез во градот, а од 8-ми април исто така ќе биде отворен за излез, додека делумно ќе биде дозволен и воздушниот сообраќај.

Претходно властите од провинцијата Хубеј соопштија дека се планира карантинот во градот да биде укинат на 8-ми април и дека жителите на Вухан ќе можат да го напуштат градот под услов да се здрави и да не претставуваат закана за другите.

Кинеските власти на 31-ви декември ја известиле Светската здравствена организација за епидемијата од непознато воспаление на белите дробови во градот Вухан во централниот дел на земјата. Кинеските експерт на 7-ми јануари утврдиле дека станува збор за вирусот SARS-CoV-2 (патоген Ковид-19).

СЗО на 11-ти март, епидемијата од новиот вирус ја прогласи за пандемија. Според последните податоци, во светот се регистрирани повеќе од 1,4 милиони заболени пациенти, од кои починале повеќе од 81.000.