Врнежи и грмежи и во текот на ноќта: Еве каде наврна највеќе

746

Дваесет и два литри дожд на квадратен метар наврнаа во Крива Паланка, 15 во Берово и Лазарополе, 14 во Виница, 12 во Скопје и Маврово, 10 во Претор, девет во Тополчани, осум во Битола и Ѓуриште, седум во Охрид, шест во Прилеп, четири во Тетово и Демир Капија, три во Штип и Пожаране, два во Гевгелија и еден литар на квадратен метар во Струмица, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Времето синоќа беше насекаде облачно со врнежи од дожд, кои во Гевгелија и Битола се проследени со појава на грмежи. Поинтензивни процеси, посочуваат од УХМР, имаше во југозападниот дел од земјата, поточно над Охридско и Преспанско Езеро.