Актерот и бодибилдер Јуриј Толочко неодамна ја запросил својата “девојка” Марго на прилично традиционален начин – со прстен, букет ружи и романтична вечера, а среќната вест е објавена на Инстаграм профилот на Марго, инаку
кукла на надувување.
Објавата е проследена со опис во кој Толочко објаснува, според него, што е идеален однос помеѓу еден маж и една жена и им се обратил на припадничките на понежниот пол:
“Ако го читате ова, отидете до својот маж и развеселете го поради сите страдања кои му ги донеле жените пред вас. Чешкајте му го грбот, дајте му комплимент за неговата мајка, кажете му дека има голем … ум”, напишал Јуриј кој по веридбата организирал и моминска забава за Марго во кругот на пријателите, а пред веридбата ѝ платил и пластична операција за да не биде оптоварена со своите “маани”.
Иако не открил што променила Марго кај себе, бодибилдерот вели дека оттогаш неговата вереница е поинаква.
“На почетокот ми беше тешко да ја прифатам промената, но подоцна се навикнав бидејќи таа сега е посреќна од претходно”, изјавил тој.
Јуриј и Марго се осум месеци во врска, откако, како што вели тој, “во едно кафуле ја спасил од друг маж со помалку чесни намери”. Колку и необично да делува нивната љубов, факт е дека постојат многу парови како нив двајца.
Во последните неколку години сè почести се случаите во кои мажите се заљубуваат во своите кукли и “започнуваат врска” со нив, а најмногу такви врски се раѓаат во Јапонија (каде е технологијата понапредна, а во последно време куклите се заменети со уште пореалистични роботи).














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















