Статистиката јасно покажува колку Меси оваа сезона е далеку подобар од Роналдо!

149

Лионел Меси оваа сезона пружа неверојатни игри во дресот на Барселона која е една од главните фаворити за освојување на Лигата на шампионите.

Каталонскиот клуб минатата сезона ја освои двојната круна во Шпанија, но оваа сезона прва цел им е Лигата на шампионите. Кога Меси е расположен тогаш е јасно дека Барса е голем фаворит, а Аргентинецот оваа сезона навистина пружа одлични игри во дресот на каталонскиот клуб.

Вечната дилема секогаш ќе постои околу тоа дали е подобар Меси или Роналдо, па таа тема секогаш ќе биде актуелна. Меѓутоа, оваа сезона Меси е далеку пред играчот на Јувентус во сите сегменти на статистиката. Аргентинецот беше подобар во тоа поле и минатата сезона и тоа прилично подобар.

Имено, во досегашниот дел од сезоната Меси постигна 29 гола во сите натпреварувања, а Роналдо 17. Во асистенции Меси води со 14 наспроти 7, а во клучните додавања води со дури 89:44. Што се однесува до дриблинзите и тоа е на страната на Меси и тоа далеку повеќе од очекуваното.

Меси во моментов има 96 успешни дриблинзи, а Роналдо само 33. Исто така, Меси во досегашниот дел од сезоната 13 пати бил играч на натпреварот, а Роналдо седум. Покрај тоа, треба да се додаде и фактот дека Меси три недели беше надвор од терените поради повреда.

Lionel Messi vs Cristiano Ronaldo this season:

Goals:
Messi 29-17 Ronaldo

Assists:
Messi 14-7 Ronaldo

Key Passes:
Messi 89-44 Ronaldo

Dribbles:
Messi 96-33 Ronaldo

MOTM awards:
Messi 13-7 Ronaldo

Lionel Messi was out for three weeks through injury.