Во Венецуела рускиот лек против новиот коронавирус ќе биде бесплатен

468

Во оваа земја се доставени неколку илјади дози „Фавипиравир“, а на почетокот на октомври на Венецуела ѝ е испорачана и првата партија на руската вакцина за спречување на ширењето на коронавирусот „Спутник V”.

Неколку илјади дози руски препарат за лекување заразени од новиот коронавирус пристигнаа во Венецуела. Ова во неделата на државната телевизија го соопшти претседателот на републиката Николас Мадуро.

„Од Русија пристигна силниот антивирусен препарат „Фавипиравир“. Од Русија пристигнаа илјадници дози за да се спасат животи“, рече шефот на државата.

Како што нагласи тој, препаратот е особено ефикасен во лекувањето пациенти во тешка состојба. Според Мадуро, за граѓаните на Боливарската Република Венецуела лекот ќе биде бесплатен.

На почетокот на октомври на Венецуела ѝ беше доставена првата партија од руската вакцина за спречување на ширењето на коронавирусот „Спутник V”. Венецуелските власти соопштија дека оваа земја ќе учествува во третата фаза на клиничките испитувања на вакцината и дека планираат нејзино производство на своја територија.