Само пет дена по трагедијата поврзана со Никола Даниловски, голманот кој што беше пронајден во Охридското езеро, ракометот во Македонија загуби уште една млада надеж.
Се работи за 20-годишниот Марко Божиновски кој беше член на екипата на Бутел Скопје. Играше на левата крилна позиција и беше дел од македонската кадетска репрезентација.
Во изминатата сезона Божиновски доби минутажа на 12 натпревари на бутелци. Негов најзабележителен настап беше оној против Струга, на кој беше прво име во победата на својот тим со седум реализации.
Младиот талент пристигна во Бутел од редовите на Металург пред три години.