Во текот на изградбата починале околу 125.000 луѓе: 7 работи кои можеби не сте ги знаеле за Суецкиот канал

656

За јавноста каналот бил отворен на 17 ноември 1869 година, а оваа година ќе прослави 152 години од неговото постоење.

7 работи кои можеби не сте ги знаеле за Суецкиот канал:

1. Каналот е вештачки изградена граница меѓу африканскиот и азискиот континент кој што ги спојува Средоземното и Црвеното море. Истиот има восхитувачка стратешка важност за светот затоа што го скратува патот меѓу Атлантскиот и Индискиот океан за дури 700 километри. Не само што тој е најблиската поморска врска меѓу западната и источната Земјина хемисфера, туку и најважниот пловен пат за танкери кои од Блискиот исток носат нафта во Европа.

2. Каналот се градел десетици години, а за неговото завршување заслужно е „Campagnie Universelle du Canal de Suez“. Инаку, името го добил по египетскот град Суец кој што се наоѓа на јужниот дел од каналот.

3. Се смета дека во неговото градење вклучени биле еден милион и половина луѓе од различни земји од светот. Прво го граделе само Египќаните, воглавно под притисок на локалните власти, но со текот на времето им се придружиле и работници од други држави. Според некои статистики во градењето учестувале и околу 3.000 Хрвати.

4. Каналот се градел во исклучително тешки услови. Сите материјали за изградбата биле носени од Европа со помош на неколку илјади камили, со што процесот многу се успорувал. Се претпоставува дека во текот на градењето починале околу 125.000 луѓе како последица на колера и други заразни болести.

5. Кога изградбата била завршена, каналот бил долг 164 километри и длабок 8 метри. Во поново време направени се дополнителни „корекции“, па сега каналот е долг 193 километри, длабок 24 метри и широк 205 метри.

6. Препознатливиот дел на тој простор е и 3,9 километри долгиот мост на пријателство помеѓу Египќаните и Јапонците кој што се издигнува 70-на метри над Суецкиот канал.

7. Каналот за јавноста бил отворен на 17 ноември 1869 година, а оваа година ќе го прослави 152-от роденден.