Симоне Инѕаги го презеде Интер

794

Фудбалскиот клуб Интер го претстави новиот тренер, кој доаѓа на местото на Антонио Конте. Интер, од денес, го предводи Симоне Инѕаги.

Поранешниот тренер на Лацио, ќе има тешка задача да ја одбрани шампионската титула, која Конте со неговите играчи ја братија на „Џузепе Меаца“ по 11 години.

Симоне Инѕаги и пред официјалната промоција разговарал со најдобриот играч на Интер, Ромелу Лукаку и добил уверување дека тој ќе остане во клубот.

Интер и Инѕаги потпишаа договор кој ќе важи до јуни 2023 година.