Во познато турско летувалиште наплатуваат по 50 евра за влез во море

687
Штом ќе започне летото, на интернет започнуваат да кружат сметки од разни дестинации. Последниве денови на социјалните мрежи започна да кружи сметка од Бодрум, Турција.

Хотелот-бар на плажа во Бодрум, популарно летно одморалиште, им наплаќа на гостите дури 48 евра а ќебапи и 7 евра за кафе.

И додека популарното одморалиште бележи значително помал број ноќевања поради коронавирусот, цените се зголемиле на некои места. Локалните медиуми пишуваат дека некои хотели со приватни плажи наплаќаат дури по 50 евра само за пливање во морето, пренесува The Sun.

Но, градоначалникот ги брани цените велејќи дека не му е грижа затоа што луѓето плаќаат високи цени за храна. “Тие можат да платат и 100.000 лири ако сакаат. Но, тука има места што продаваат ќебапи и за 20 лири”.

Тој додаде дека ако Бодрум понуди пониски цени, гостите кои очекуваат „повисок квалитет“, претпочитаат да изберат ги Санторини или Ибица за одмор.

Турција воведе и сериозни казни за лицата фатени без маска. И граѓаните и туристите ќе се соочат со казна од 900 лири доколку не носат заштитна маска во јавност.