Во поплавите во Индија најмалку 37 загинати

769

Најмалку 37 лица загинаа оваа недела во поплавите предизвикани од монсунските дождови во северна Индија.

Владиниот портпарол Аваниш Авасти денеска изјави дека поголем број од луѓето настрадале при рушење на куќите во Агри, северноиндиски град каде што се наоѓа познатата градба Таџ Махал.

Според него, оштетен е и надворешниот ѕид на тврдината Фатехпур Сикри, која е од 16 век.

Метеоролошката служба прогнозира дожд и во наредните 48 часа во најнаселената индиска држава Утар Прадеш.