Во Кондово на секои 40 секунди поминува по еден гласач- се алармира за полнење кутии

443

Според информациите до кои дојде „Скопје1“ од 9 до 11 часот, односно за два часа, гласале 180 лица.

На избирачко место 2452 кое се наоѓа во скопско Кондово имало полнење на кутии, јавуваат извори за „Скопје1“.

Според информациите до кои дојде „Скопје1“ од 9 до 11 часот, односно за два часа, гласале 180 лица.

Доколку се направи пресметка, ова значи дека на секои 40 секунди гласало по едно лице.

Претходно, порталот објави дека ваква појава имаше и во Чаир на првиот круг од изборите.