Едностраната изјава за јазикот дадена од МНР е негација на македонскиот јазик и предавство на нацијата, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Изјавата дека македонскиот јазик е јазик кој се заснова на територијата на денешна Република Македонија е груб фалсификат на научната вистина. Македонскиот јазик е јазик кој се заснова и на неговите дијалекти кои се простираат и надвор од Република Македонија. Ова е став на официјалната наука и како таков македонскиот јазик е признаен и од ОН. Дијалектното простирање на македонскиот јазик ги надминува државните граници. Македонскиот јазик е жив јазик и тој се проучува на голем број филолошки катедри низ светот. Власта со ваквата изјава го негира и сака да ја изврти научната вистина. Дополнително историјата на македонскиот јазик не почнува од 1944 година, кога е кодифициран, туку многу пред тоа. Tоа не го кажува ВМРО-ДПМНЕ тоа е наука и становиште на науката кое е докажано, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
За овие предавства ќе има одговорност. Ковачевски ќе одговара за носењето на државата во подредена положба, додаваат од таму.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















