Мицкоски: До мене стигна информација дека готова била Катица

120

„Одговорност мора да има“ е ехото кое деновиве силно татне, кажано од домашните политичари, аналитичари и граѓани, но и од претставниците на меѓународната заедница. Но, дали сите исто подразбираме кога велиме „одговорност мора да има”?, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Во текот на вчерашниот ден до мене стигна информација дека готова била Катица и дека прашање на денови е кога ќе завршела во притвор…, ајде мајката…, е крикот на Зоран Заев…, па ќе излезе Стево Пендаровски и ќе го повтори истото што претходно оној на кој му е ист 102,5% го напиша, дека одговорност мора да имало. Сето ова делува прозаично без нималку навигација за полесно де лоцирање на одговорноста како на пример дали оние двајцата осомничени или нивниот нов цимер (прашање на денови) можеа ова да го прават без огромна поддршка од Кики, Фрики, Шеки и Зоки Поки, дали беше толку тешко да се стигне до телефонот на новиот потстанар во Шутка па беа потребни денови, случајот е пријавен во февруари/март со доказите, а се чекаше јули/август да се лоцира каква таква одговорност.

Колку од рекетот заврши во телевизијата каде везден беседеа властодршците убедувајќи не дека блескаме и нели е тоа нематеријална корист за раководството на една политичка партија, дали некој се сети да ги праша бардовите наши новинарски кои беседеа со властодршците во стилот …, да да во право сте, одлично, секоја чест, браво навистина прекрасно, овие од опозицијата, анти нато, анти ЕУ, ма катастрофа, Мицко бил ваков бил таков, обична марионета, како и колку се вистинити бројките во книгите на телевизијата за нивните месечни примања или има нешто можеби од медот, или па можеби ги праша некој вработените таму дали и како издржуваат со 12.000 денари плата во месецот (на минималец пријавени). Што ќе речат другите медиуми кои немаат прилика и магионичарски способности па мака мачат на пазарот да обезбедат егзистенција за вработените и уште многу зошто и многу затоа, но затоа “љубави” (или хубави) ќе повика на одговорност во клучниот момент, а Зоран Заев ќе рече во најблиското опкружување, Стево не предаде…, , смета Мицкоски.

loading...