Катастрофален земјотрес ја погоди Албанија – 19 мртви и над 600 повредени лица.
Според податоците објавени на веб-порталот „Волкано дискавери“, земјотресот со јачина од 6,3 степени што ја погоди денеска Албанија има моќност колку и 60.000 тони експлозив ТНТ. Тоа е е еквивалентно на три атомски бомби, објави порталот Сот Њуз.
Потресот однесе 20 животи, а повредени се 600 лица. Во 3 часот и 56 минути се почувствува и во Македонија и ги испаничи жителите.
Помош стига од сите страни во Албанија и сеуште се бараат преживеани. Важно е да се помогне во Драч. Има загинати и повредени, а штетите се ГОЛЕМИ.
Денес бев таму и помогнав колку што можев. Бев на конференција во Тирана со учесници од целиот Балкан, но ги видивме вестите. Слушнавме дека е потребна помош и отидовме во Драч. Растоваривме два камиони со вода, сокови, кутии со храна… Ако треба, ќе учествуваме во расчистувањето на урнатините.
Тажна глетка, со човечки трагедии, но и многу луѓе кои сакаа да помогнат, многу добри дела, човечност. На Балканот мора повеќе да си помагаме. Скопје е град на солидарноста. Град изграден од пепелот на земјотресот. Наша обврска е да помагаме, а Македонија е добар сосед.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



