Флоренсија Лобо, тинејџерка од Аргентина, се шокирала кога дознала дека нејзиното милениче кое го вдомила е всушност дива мачка.
Девојката раскажала дека заедно со нејзиниот брат пронашле две мачиња кои решиле да ги вдомат и ги нарекле Тито и Дани. За жал, едното од нив набрзо угинало, но другото го задржале како милениче.
Флоренсија за локалните медиуми открила дека Тито бил малку потемпераментен отколку што очекувала, но дека воопшто не се посомневала дека станува збор за нешто поголемо од обична мачка.
“Сакаше да си игра и беше прилично брз. Обожуваше да се качува на масата и да скока по неа, но мислев дека сето тоа е нормално”, раскажала тинејџерката.
Вистината за Тито ја дознала кога тој се повредил при играње, па го однела на ветеринар кој ѝ потврдил дека станува збор за дива мачка која припаѓа на видот јагуарунди. На крајот, Флоренсија го предала животното на организација за спасување на животни каде ќе остане додека не закрепне, а потоа ќе биде пуштено назад во дивината.
“Постојано ме следеше каде и да одам. Никогаш не му недостасуваше ништо додека беше кај мене. Беше мое милениче и ми беше премногу тешко што морав да се разделам од него, но знам дека ќе му биде подобро кога ќе се врати во природата”, раскажала Аргентинката.












![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











