Кипот на Роналдо во Мадеира е особено интересен за неговите обожавателки и тоа само поради еден детаљ

420

Кипот на Кристијано Роналдо посебно е популарен поради меѓуножјето, веројатно поради тоа што бројни туристи го фаќаат тоа подрачје и позираат со него.

Кипот на португалскиот ас во неговиот хотел Pestana CR7 во Мадеира е поставен во 2014 година и веднаш привлече големо внимание, а сега повторно се пишува за него поради “исполираните препони”.

Кипот на фудбалерот на Јувентус е особено интересен за туристите во Мадеира, а најмногу поради неговите панталони.

“Сакав само да се фотографирам со него за да можам да им испратам фотографија на членовите од семејството”, рекол туристот Џон Роџерс за The Sun.

“Но, само што ја испратив фотографијата во групната порака со моето семејство, сите започнаа да се смеат. Не можеа а да не го забележат детаљот помеѓу неговите нозе”, додава тој.

“Кога го чекавме бродот да пристигне, сфативме дека река од туристи сакаат да го фатат кипот токму за тоа подрачје. Изгледа дека тоа добро ги насмеа сите, посебно младите русокоси. Не можеа да ги држат рацете подалеку”.

Не е прв пат еден од киповите на Роналдо да се најде во центарот на вниманието. Откривањето на кипот на аеродромот во Мадеира во 2017 година не помина најдобро, па тогаш кипот стана предмет на потсмев.