Вкусно смути кое го намалува апетитот

753

Наутро немате време да подготвите здрав оброк, а не сакате да додавате килограм плус? Овој рецепт за совршено вкусно смути ќе биде одлична замена во моментите кога сте во трка со времето или едноставно Ве мрзи да готвите.

Состојки:

1 круша

100 милилитри бадемово млеко

2 лажици посно сирење

2 лажици овесни снегулки

1/2 лажица цимет

1 лажица мед

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и добро миксајте додека не добиете изедначена маса. Подгответе се за добро уживање и одлична енергична бомба, која ќе Ве држи заситени, а воедно ќе имате и помал апетит.