Крцкавото и вкусно пилешко секогаш е одличен избор за ручек, а овој рецепт за пилешки крилца ќе ви стане омилен
Потребни состојки:
- 450 грама пилешки крилца
- 50 милилитри сончогледово масло
- 100 грама растопен путер
- 4 чешниња лук
- 2 лажици исечкан магдонос
- 70 грама изрендан пармезан
- 1 лажичка мелена црвена пиперка
- сол
- бибер
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.
- Прелијте ги крилцата со масло, посолете ги и зачинете ги со бибер.
- Печете ги околу 50 минути. Готови се кога ќе добијат златна боја и ќе станат крцкави.
- Во сад измешајте ги растопениот путер, исечканиот лук, магдоносот, пармезанот и црвената пиперка.
- Потопете ги крилцата во приготвениот сос и вратете ги во рерна уште неколку минути.