Вистински мајстор за реставрација: Уништениот „Aventador“ заблескал во полн сјај

615

Ширум светот постојат бројни љубители на луксузни автомобили и добро возење. Едни уживаат во брзината и адреналинот додека други со страст ги собираат и третираат автомобилите како вредни музејски експонати.

Но, постои и трет вид љубители на автомобили – оние кои својата страст и приврзаност ја искажуваат преку реставрација на уништените, заборавени примероци. Таквите личности настапуваат на сцена кога некој автомобил е за фрлање или веќе завршил во канта за ѓубре.

Намерно споменавме „канта за ѓубре“ бидејќи видеото во продолжение го прикажува талентот и вештината на еден мајстор за реставрација на – играчки!

Немојте да мислите дека станува збор за залудно потрошено време бидејќи овие пластични „миленици“ (Burago, Hot Wheels…) достигнуваат неверојатни суми на аукциите. На пример, еден мал „Custom Camaro“ изработен кон крајот на 60-те години е проценет на 150.000 долари!

Погледнете со каква преданост овој човек го поправа секој дел од уништениот „Lamborghini Aventador“ и го враќа неговиот стар сјај.