Декемврискиот број на полското издание на „Вог“ го краси Викторија Бекам. Покрај фантастичните фотографии, на кои модната дизајнерка изгледа софистицирано, облечена во креации со нејзин потпис, вниманието го привлекува и текстот во кој говори за мајчинството.
Имено, на прашањето што најмногу сака кај себе, Бекам ќе признае дека е добра мајка и таа особина најмногу ја цени кај себе.

За потсетување, Викторија, која е во брак со Дејвид 20 години е мајка на четири деца – Бруклин (20), Ромео (17), Круз (14) и Харпер (8).
„Секогаш си влеам себеси – можеш да сонуваш големи сништа, дури и поголеми од што можеш да замислиш. Потоа само ќе мораш да работиш напорно за да ги оствариш“, објаснува 45-годишната Британка во интервјуто, од кое се откриени само мали сегменти.
Инаку, на фотографиите кои ги потпишува Алексиј Лубомирски, таа е облечена во смарагдно кадифено одело во комбинација со кошула со принт и сини чевли. Храбра, софистицирана и моќна комбинација.
Истата кошула е во комбинација и со беж оделото кое беше нејзиниот втор стајлинг, а сето тоа снимено во „Институтот на современи уметности“ во Лондон.
Погледнете:
















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















