Дали некогаш сте имале чувство дека кога за нешто многу сте зборувале, на крај испаднало лошо?
Мудрите луѓе советуваат да не откривате некои работи за себе пред другите и дека истите треба да ги чувате како драгоцена тајна. И за тоа постојат добри пирчини.
Овие работи зачувајте ги за себе доколку сакате да привлечете позитивна енергија.
Долгорочни планови
Не му кажувајте на никој што планирате се додека тоа не се оствари. Со зборување ја расипувате енергијата која ќе ви биде потребна за доаѓање до целта. Многу луѓе се увериле дека кога многу зборуваат за нешто што планирале, секогаш нешто тргнува на лошо.
Добри дела кои ги правите
Не фалете се наоколу кога ќе направите некое добро дело. Големата гордост ќе ви ги одземе сите благодете и душевен мир кои помагањето на другите ви го носи.
За вистинските доброчинетели ретко се знае и слуша. Тие помагаат во тишина бидејќи најважно им е да помогнат на некој, а не да во очите на другите луѓе испаднат добри и хумани.
Својата храброст и јунаштво
Некои предизвици се видливи за другите, додека пак некои не. Мудрите луѓе велат дека некои луѓе добиваат предизвици и кога ќе се изборат со нив, побиваат награди и пофалби. Меѓутоа, постојат предизвици кои се случуваат во внатрешноста на човекот и за кои никој не треба да знае.
Затоа, кога сте направиле нешто храбро со кое радо би се пофалиле, задржете го за себе. Покрај вас можеби стој човек кој имал многу потешки борби во животот и ги победил, но за тоа не зборува.
Семејни проблеми
Што помалку разговарате за проблемите во своето семејство, семејството ќе биде посилно и постабилно. Не разговарајте за тоа премногу ниту со своите пријатели, бидејќи некои работи се решаваат во внатрешноста на семејниот дом.
Грди зборови и озборувања кои ќе ги слушнете
Воздржете се од доаѓањето дома и прераскажувањето на лошите работи кои сте ги слушнале и виделе во текот на денот. Кога некаде ќе слушнете озборување и ќе го прераскажете на другите, не сте ништо подобри од оној кој го раскажал тоа за вас.