Видео: Во Лондон и Љубљана протести против мерките за заштита од коронавирусот

118
Повеќе од 100 лица се уапсени  на синоќешните протести во Лондон, ден пред земјата да влезе во карантин кој според најавите на премиерот Борис Џонсон ќе трае до 2 декември.

Демонстратите протестираа против новите мерки . Продавниците што не се неопходни се затворени, а угостителските објекти ќе можат да вршат само испорака.

Стотина демонстранти вчера излегоа и на улиците во словенечкиот главен град Љубљана ,по владината одлука да воведе нови мерки за спречување ма ширењето на корона вирусот. На неколку локации дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата.

Демонстрантите фрлаа разни предмети и пиротехнички средства кон полициските сили. А полицијата употреби водени топови. Словенечката влада донесе забарана за движење на граѓаните од една во друга општина, но и забрана за групирање на повеќе од шест лица.

Поради зголемениот број на новозаразаени со корона вирус, по распустот основците нема да се вратат во училиште а наставата ќе се одржува онлајн.