ВИДЕО: Обожавателки на Трамп собрани пред центарот за пребројување гласови – клекнати се молат пред влезната врата

611

Продуцентката на НБЦ, Алиса Естрада објави фантастична снимка.

Имено, неколку обожавателки на Трамп се собрале пред центарот во кој се бројат гласовите во округот Кларк во клучната сојузна држава Невада.

Клечат пред влезната врата и се молат, а на продуцентката ѝ рекле дека се молат правдата да биде извршена и дека праведноста ќе преовладува.

Инаку, во Невада демократскиот кандидат Бајден води со 11,5 илјади гласови од 84 отсто од преброените гласови (0,9 отсто разлика во однос на Трамп).