ВИДЕО Una Magia Пандев и Буфон се пошегуваа за одење во пензија!?

122

Јувентус и Џенова се судрија во рамки на Серија А, а камерите уловија интересен момент, кога македонската фудбалска легенда Горан Пандев и голманскиот великан Џиџи Буфон имаа разговор.

Двајцата крај аут-линијата се смееја и си разменија неколку зборови во период од петнаесетина секунди, а тоа падна во фокусот на „ЕСПН“. Коментаторите додека двајцата беа во кадарот претпоставуваа дека се шегуваат за пензија.

Моментот кога двајцата разговараа:

„Кога ќе се пензионирам? Кога ти ќе се пензионираш?“, на шега велат коментаторите на „ЕСПН“ за разговорот на Пандев и Џиџи. На социјалните мрежи, пак, видеото кружи и луѓето се шегуваат дека Буфон со Пандев говори за големата победа на Македонија над Германија.

Горан Пандев ги има постигнато можеби најубавите голови во кариерата против Џиџи Буфон. Италијанскиот голман се гледа дека има голем респект за „Гранде Мачедоне“.