Британците воодушевени од моќта на руската морнарица (ФОТО, ВИДЕО)

247
Парадата одржана по повод Денот на Воената морнарица во Русија му ја покажа на целиот свет моќта на руската флота, пишуваат западните медиуми.

„Русија ја покажа сé поголемата моќ на својата Воена морнарица во огромна парада со 200 бродови одржана во Санкт Петербург“, пишува „Дејли Меил“.

На 26 јули во многу руски градови и во руската база во сириски Тартус се одржаа паради по повод одбележувањето на Денот на Воената морнарица. Претседателот на Русија Владимир Путин присуствуваше на свеченостите во Санкт Петербург, а во Кронштат во парадата учествуваа 200 бродови и четири илјади војници.

Авторите на статијата истакнуваат дека во текот на последниве неколку години Русија вложила големи напори во модернизацијата и обновата на морнарицата. Освен тоа, Владимир Путин соопшти дека во состав на морнарицата влегуваат уште 40 нови бродови, меѓу кои некои имаат хиперсонично вооружување.

Многумина читатели на британскиот весник беа воодушевени од снимките на руските бродови кои учествуваа во парадата.

„Тоа е импресивна глетка!ˮ, пишува Obvi.

„Ние не можеме да запреме дури и неколку будали. А како можеме да се бориме против руската морнарица“, иронично коментира rhelik1.

„Кралската морнарица не може да ѝ се спротивстави на руската морнарица. Поради значителното кратење на буџетот, работната сила и опремата во текот на многу години. Сега можеме да понудиме само неколку бродови во состав на воена коалиција“, коментира illated_one.

„Западните медиуми го мразат Путин, затоа што тој на прво место ги става Русија и Русите. Дали така прават и западните лидери?ˮ, пишува The Great Old One.

https://russian.rt.com/russia/video/767985-parad-v-chest-dnya-vmf-rossiya-siriya