По синоќешната драма, кај спортскиот Центар „Борис Трајковски“ каде по долга расправија меѓу сопственикот на Нехар турс и незадоволните граѓани кои имале уплатено четиридневна тура во Црна Гора, автобусите доцна во вечерта тргнаа со по 15 патници.
Сепак, по најновите информации од фронтлајн.мк автобусите со полициска придружба биле вратени од граничниот премин.
Како што пишуваат од таму, возачите не сакале да се вратат, но на крајот се согласиле и ја следеле полициската придружба.
Турата била предвидена да пристигне на денот кога треба да се затвори фестивалот на мимозите и каде што требаше да има концерт Жељко Јоксимовиќ. Јоксимовиќ го откажа концертот, но Нехар турс не се откажуваше од својата тура.