Концертот на Стинг што ќе се одржи вечерва на стадионот „Тоше Проески“, ќе доцни половина час, поради финалето на Лигата на шампионите на кое се пласираа ракометарите на Вардар.
Организаторот на концертот во арената „Тоше Проески“, Бобан Милошески од Авалон продукција објави дека за ова добил дозвола од менаџментот на Стинг. Така концертот на светскиот музичар ќе почне во 22 часот, а претходно, од 20.30 часот, ќе настапи триото на Влатко Стефановски.

Вардар го игра финалето со Веспрем од 18 часот. По тој повод Град Скопје организира заедничко следење на финалниот натпревар на плоштадот „Македонија“.




![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)












![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















