Видео: Роналдо се расплака на интервју, му пуштија снимки од починатиот татко

766

Кристијано Роналдо не можеше да ги сокрие солзите откако за време на интервју со британскиот новинар Пирс Морган му беа покажани снимки од татко му. Морган успеал да најде видео од Жозе Динис Авеиро како зборува за Кристијано, во пресрет на ЕП 2004.

„Неверојатно, никогаш досега го немам видено ова видео. Никогаш го немам видено… мислев дека ова ќе биде забавно интервју, но ете се расплакав… Постигнав многу во животот, станав број 1 во светот на фудбалот, но татко ми никогаш не го виде тоа“ – прокоментира емотивниот Португалец.

Таткото на Роналдо почина една година подоцна од откажување на црниот дроб, пропуштајќи да ги види најголемите успеси на синот.