Видео: ПСЖ прв финалист во Лигата на шампионите

1205

Премиерно клупско финале во најсилното европско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите за богатиот француски првак Пари Сен Жермен.

ПСЖ во полуфиналето полесно од очекувањата го совлада германското изненадување Лајпциг со 3-0 .

Уште во првите минути од полуфиналето беше јасно кој е кој на теренот во Лисабон. Светците од Париз по само 13 минути игра веќе водеа со 1-0 со голот на Маркињос по асистенцијата на синиќа маестралниот Анхел ди Мариа.

Во финишот на првиот дел Аргентинецот Ди Мариа во 42 минута го казни киксот на голманот на Лајпциг Гулаши , ПСЖ води со 2-0.

Конечниот резулат на првото полуфинале го постави Хуан Бернат во 56 минута со третиот погодок за тимот од Париз, за потврда на историското прво финале во Лигата на шампионите.

Во големото финале во Лигата на шампионите на 23 август во Лисабон ПСЖ ќе го очекува победникот од вечерашното полуфинале меѓу фаворизираниот Баерн Минхен и изненадувањето Лион.