Видео: Погледнете ја реконструкцијата на страшната несреќа на косовскиот автобус кај Славонски Брод, во кој животот го загубија 10 лица

725

Со помош на графичкиот оддел на хрватскиот портал “Dnevnik.hr” и информациите по полицискиот увид, била направена реконструкција на несреќата кај Славонски Брод.

Според утврдените факти, возачот на автобусот се движел по јужната лента во насока на Липовац.

На 211-тиот километар нагло завртел од обележаната патека и излетал од автопатот во тревата.

Откако минал на тревната површина, автобусот со патниците се превртел. Сообраќајот со часови бил пренасочуван.

Потсетуваме, во тешката сообраќајна несреќа загинале 10 лица, 15 се здобиле со тешки телесни пореди, а едно лице е пренесено на лечење во Загреб.

Уште 30 лица со полесни повреди биле задржани во болница во Славонски Брод, каде биле посетени од премиерот Андреј Пленковиќ.

ФОТО: Dnevnik.hr