(ВИДЕО) Ова се убијците на Данка: Еден намерно ги насочувал инспекторите во друг правец, а паднале само поради една разменета порака!

340

Еден од осомничените за убиството на Данка се обидел да ги збуни инспекторите на МВР кои деноноќно работеле на расветлување на мистериозното исчезнување на двегодишното девојче учествувајќи во потрагата, дознава српски Информер.

Според порталот, откако со автомобил „фиат панда“ во алкохолизирана состојба го удриле девојчето кое се оддалечило од дома и откако еден од нив го задавил девојчето додека лежело повредено, убиецот се обидел да остане смирен и наводно ѝ помогнал на полицијата во потрагата.

Српски „Телеграф“, пак, напиша дека убијците вчера под придружба на полицијата лажно ја наведувале истрагата на терен покажувајќи на погрешна насока.

Откако форензика покажала дека во нивниот службен автомобил има траги од крв во нивниот службен автомобил, тие се уапсени.

Уапсените паднале на тест со полиграф и денеска го признаа злосторството. Клучниот момент беше објавувањето на видеото од Виена, кога двајцата си размениле порака „Го виде ли ова во Виена, се извлековме“, откри истрагата. Српски државјанин сними видео со две жени и дете кое личи на Данка во Виена, по што се сметаше дека девојчето е украдено.
Но, се покажа дека тоа дете не е Данка.

Девојчето исчезна на 26 март.

Жителите на борското село Лука, каде што е уапсен и Срѓан Јанковиќ (50), кој бил зад воланот на „фиатот“, велат дека се згрозени од тоа што го направил нивниот сосед.