(Видео) Неверојатни сцени од поплавите во Верона, луѓе се пробиваа низ метар и пол вода

726
Синоќа големо невреме ја погоди Верона. Снимките објавени во италијанските медиуми и на социјалните мрежи прикажуваат град и поплавени улици.

Според „Ла Република“, водата во некои улици надминала метар и половина, најмалку 500 дрвја паднале, а пожарникарите примиле стотици повици.

„Чудо е што никој не е повреден“, велат од службите за итни интервенции.

Невремето ја погоди и Виченца, а претседателот на регионот Венето, Лука Заја, воведе кризна состојба за Верона и другите заедници.