СКОПЈАНИ ЌЕ СПИЈАТ МИРНО: Полицијата заплени 13 мотори “спремни” за диви трки

421

Како секоја година така и ова лето трките со мотори на скопските булевари не престануваат. Булеварите Партизанска,Босна и Херцеговина,Кузман Јосифовски-Питу, Теодосие Гологанов, се едни од попознатите места на кои моторџиите возат со огромни брзини, а чести се и поплаките од граѓаните кои што велат дека не можат да спијат спокојно поради големата бучава од моторите. Исто така загрозена е безбедноста на другите учесници на сообраќајот, бидејќи поради преголемите брзини често се случуваат сообраќајки во кои има и жртви.

Во акциска контрола за откривање возачи кои организираат и учествуваат во диви трки ноќеска во Скопје полицијата задржала 13 мотоцикли кои ќе бидат упатени на вонреден технички преглед.

Акцијата, што траела од 20 часот синоќа до еден часот по полноќ, ја спроведе Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје.

– Од страна на полициски службеници во Полоциска станица Кисела Вода и Карпош привремно се задржани 13 мотоцикли, поради сомнение на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените-издувни системи по член 53 од Законот за возила и тие ќе бидат упатени на вонреден технички преглед. Привремено задржани се по четири моторцикли “Кавасаки” и “Хонда”, по две “Сузуки” и “Јамаха” и еден моторцикал “КТМ”, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се 25 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.

loading...