(ВИДЕО) Некој нов Мурињо: Му ја украде топката на Сон по мечот и повторно ги воодушеви сите

536

Тотенхем вчера забележа убедлива победа на свој терен против Барнли. Пулените на Жозе Мурињо славеа со 5:0 и така се врати на победничките патеки по поразот од Јунајтед во минатото коло.

Со тоа Мурињо дојде до учинок од четири победи во првите пет меча, неговите играчи постигнаа дури 17 гола во споменатиот период, а примија осум, што е секако нешто на што ќе треба да се поработи.

Мурињо веќе воодушевуваше во неколу наврати со своите гестови откако ги презеде Спарси. Се сеќаваме како го испофали момчето кое беше задолжено за топките на мечот со Олимпијакос, потоа половина прес-конференција зборуваше за тоа дете, за пред дуелот со Борнмут да го повика на ручек со играчите.

Сега повторно е во центарот на вниманието. Сега, тој му ја „украде“ топката на Сон по мечот со Барнли, кој постигна фантастичен гол, со цел да му ја даде на младиот Трој Перот, на кого му овозможи во финишот од натпреварот да го запише своето деби во Премиер лигата.