Босанската репрезентација е најголемиот трагичар во второто коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.
Пред преполниот стадион во Зеница, селекцијата на БиХ водеше со 2-0 против Грција, буквално го згази противникот во првото полувреме, а на крајот мораше да се задоволи со реми 2-2. И не само тоа, туку го спасуваше бодот бидејќи ривалот во финишот имаше неколку изгледани шанси за гол.
По само 14 минути резултатот беше 2-0 со головите на Вишча и Пјаниќ. Изгледаше дека бодовите ќе останат на домашен терен, а Босанците до полувреме можеа да постигнат уште некој гол. Се се смени во 63. минута кога гостите добија пенал, Фортунис беше прецизен, а веќе во следниот напад Пјаниќ доби директен црвен картон. Грција ја презеде иницијативата и тоа даде резултат во 85. минута кога Колосов со глава израмни на 2-2.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















