Некои од спортовите на отворено се на работ на регуларноста на Олимписките игри во Токио. Така, календарот беше поместен заради најавената бура, а некои натпреварувања сепак мораа да се одиграат.
Четвртфиналниот меч на женскиот тениски турнир меѓу Паула Бадоса од Шпанија и Маркет Вондурошова од Чешка не го дочека крајот. Шпанската тенисерка едвај стоеше на теренот по неподносливо жеѓкото време. Брзо побара помош, докторите интервенираа и објавија дека Бадоса доживеала топлотен удар.
Така мечот беше прекинат при водство на Вондурошова со 1-0 во сетови, но пред да настанат проблемите, првиот брејк го направи Бадоса и ветуваше нејзиниот старт на четвртфиналето.
Покрај Вондурошова, полуфинале обезбеди и Елина Свитолина-Монфилс.








![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











