“Дајте им ги на Израел и Јужна и Северна Каролина, зошто да не?”

290

Амбасадорот на Сирија во ОН, Башар Џафари, и предложил на Америка на Израел да му подари дел од својата територија – Јужна и Северна Каролина.

Како што рекол Џафари, наместо САД да го кршат меѓународното право и да продаваат туѓи територии поради израелското лоби, како што е случајот со Голанската висорамнина, може на таа земја да и дадат две свои територии.

“Можете да им ги дадете Северна и Јужна Каролина, на пример. Зошто да не? Јужна Каролина е одлично парче земја…Дајте им на Израел неколку држави ако оваа администрација навистина сака поддршката на таа земја”, рекол тој.

Инаку, одлуката на Трамп да го признае израелскиот суверенитет над Голанската висорамнина дошла пред изборите во Израел, кои ќе се одржат на 6-ти април. Многумина таа одлука ја гледаат како голема предизборна поддршка за Бенјамин Нетанјаху, кој се соочува со неколку обвиненија.

“Немојте да бидете во заблуда мислејќи дека еден ден оваа земја ќе биде ваша поради лицемерието или затоа што се пиони во изборна трка каде едни на други си давате поддршка, така што Израелците ќе успеат во своите избори, а Американците ќе ја добијат поддршката од израелските лобистички групи во САД”, додал Џафари.

Израел ја преземал Голанската висорамнина во текот на шестдневната војна во 1967-ма година, а формално ја анектирал во 1981-ва.

Џафари нагласува дека територијата со време ќе и се врати на Сирија.