Кривична пријава за скопјанец кој се обидел да ја убие сопругата

1282

Кривична пријава е поднесена против 54-годишен скопјанец кој на 2 септември по вербална расправија се обидел со нож да ја убие својата сопруга.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека Б.А. се сомничи за кривично дело „убиство во обид во вршење семејно насилство“.

Тој на 2 септември околу 20 часот во семејниот дом, по кратка вербална расправија со неговата сопруга П.В.(52), со нож и нанел убодна рана во пределот на стомакот. Бидејќи повредената многу крварела, околу 02:30 часот побарал помош од нивниот зет за ќерка и со неговото возило ја однеле П.В. во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде била задржана за понатамошно лекување.

Полициски службеници извршиле разговор со повредената, по што Б.А. е лишен од слобода и задржан во полициска станица.