(ВИДЕО) Инфомакс низ Скопје: Во Чаир полни улици, а на другата страна 3 пати легитимирани

1150

Восиноќешното издание на „Прашањето ми е следно“, Инфомакс беше на терен низ град Скопје во обиколка за време на полицискиот час. На почетокот на емисијата, тие се упатија кој Јаја Паша, каде што, како што можете да видите на сликите и видеото, граѓаните се на улица како да нема полициски час.

Полициски возила патролираат, но не ги легитимираат граѓаните кои во групи се движат по улицата.

За споредба во останатиот дел од градот, полицијата ревносно ја обавуваше својата функција, сопирајќи ги автомобилите и проверувајќи ги дозволите за движење. Беа сопрени и нашите колеги, и тоа не еднаш, туку три пати. Секако, тие, заедно со гостинот Горан Момировски, поседуваа уредна документација, односно дозвола за движење за време на полицискиот час.