(Видео) Хрватскиот сојуз на студенти за уништениот хотел во Охрид: „Пожарот е предизвикан од инсталациите“

364

Претставник на студентското тело на Факултетот за кинезиологија во Загреб ја контактираше редакцијата на „24 саати“ и ја кажа својата страна на приказната за руинираниот хотел во Охрид. Тој тврди дека студентите од Загреб немале никаква врска со собата која била запалена.

„Тој кат воопшто не е со студенти од Загреб, ни потврди управителот дека за таа просторија се виновни инсталациите и дека не е намерно запалена. Постојано бев некаде и не можам се да контролирам, но веднаш и пишавме на групата да нема проблеми“, изјавил Мартин Стојчевиќ, претседател на Студентскиот сојуз на КИФ.

Според него таму имало сместено студенти од 12 факултети.

„Ние сме еден од најголемите и не е во ред да нѐ обвинуваат. Загреб не направи штета и не видов некој да прави проблеми со мои очи, ако направи, јас сум првиот против тоа и ќе седнам со нив и ќе разговарам. Она што го видов со свои очи беше момчиња од Мостар како кршат вазни. Бевме 217 и секој од нас даде по 20 евра депозит кој не го добивме назар, а имаше вкупно 1250 луѓе. Сите беа на забавата по ходниците, нека не нѐ споменуваат само нас. Видов дека има штета, но не бев сведок дека од нашиве загрепчани некој нешто фрлил или скршил, велат дека сите сме агресивни, но бевме расположени“, додава тој.