(ВИДЕО) Хрватска гореше цела вечер по историската победа

2668

Откако Хрватска се пласираше во финалето на Светското првенство во Русија, луѓето ширум Хрватска масовно излегле на улиците за да прослават. Десетици илјади луѓе ширум Хрватска го следеа драматичниот полуфинален натпревар на улици, во кафе барови.

Луѓето масовно излегуваа на улиците

Во Загреб луѓето со автомобилите излегле на улиците и ги вееле хрватските знамиња, а слични сцени можеле да се забележат и низ другите хрватски градови. Во Дубрава во Загреб, еден читател за хрватскиот Index.hr го снимил моментот во кој навивачите го опкружиле полицискиот службен автомобил и почнале насилно да го тресат. Навивачи го обиколиле возилото кое се обидувало да помине низ толпата луѓе. Полицајците кои седеле во автомобилот ја пуштиле сирената, а после некое време еден од нив излегол, а навивачите брзо направиле место да помине полицијата.

После историската победа на Хрватска над Англија, Пленкович објави на Твитер кратка снимка од славењето на фудбалерите во соблекувалната.

Честитка од Колинда

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, која поради обврски во Брисел не можела да отпатува за Москва и да го следи полуфиналниот натпревар, после победата веднаш на Фејсбук споделила честитка за “огнените” за победата.

“Луѓе мои, МОЖНО Е!!! Бравo, ОГНЕНИ!! Браво за сите навивачи! Хрватска е во Финалеее!”, напишала Колинда и објави своја фотографија.

Славење на улиците

Славењето на улиците траеше цела ноќ. Со оглед на тоа дека станува збор за најголемиот успех на фудбалската репрезентација на Хрватска и еден од најголемите успеси во хрватскиот спорт, тешко е да се замисли како денес ќе изгледа работниот ден во Хрватска.