(ВИДЕО) Дали се појави духот на Марадона и ја спаси Бока Јуниорс во дербито со Ривер Плата?

674

Синоќешното најголемо јужноамериканско дерби помеѓу аргентинските ривали Бока и Ривер донесе голема борба, неизвесност и поделба на бодовите (1-1), но и чудна ситуација во финишот поради која буквално „изгореа“ социјалните мрежи поради големиот број коментари.

Во самиот финиш, Бока беше пред постигнување на автогол што ќе значеше пораз, топката веќе го помина голманот и одеше кон мрежата, но пред самата гол-линија го промени движењето и не влезе во празниот гол. Објаснувањата на најголем дел од навивачите на овој тим беа дека „виновник“ за тоа бил духот на легендарниот Марадона, кој не дозволил неговиот тим да загуби во големото дерби.

Бока, инаку, прва поведе преку Виља од пенал во 41. минута, а Ривер изедначи во второто полувреме преку Палавечино.