Пејачот Александар Тарабунов – Тара после неколку месеци принудна пауза и музичка илегала поради новонастанатата ситуација со пандемијата со коронавирус конечно со нов сингл и видео запис. Станува збор за темата „Нема крај“ која својата официјална премиера ја имаше денес, а е негово лично авторско дело и го означува стартот на неговата кариера како кантавтор.

Времето поминато во карантин го искористив за да творам. Направив мало студио во својот дом, се посветив на музицирање, а прв производ од мојата „музичка кујна“ е токму „Нема крај“. Aранжманот го сработив заедно со Роберт Билбилов кој му даде светски призвук на рефренот и целосно ја среди продукцијата, додека, пак, текстот е заедничко дело на мене и Зоран Зонде Стојановски кој се потпишува и како режисер на спотот“, откри Тарабунов.
Кадрите за видеото се снимени на две локации – Скопје и Преспа, а спотот изгледа како филм. Покрај Тара во дел од кадрите се појавува и манекенката Сара Дојчиноска.
Во продолжение погледнете го видеото:















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















